ВАРДАР

ВАРДАР – најголемата река во Македонија. Извира под шар Планина, во југозападниот дел на Полошката Котлина, во близина на селото Вруток, југозападно од градот Гостивар, на височина од 683 м, а во Егејското Море се слива во Солунскиот Залив, западно од градот Солун. Во минатото поради засипување на заливот била извршена регулација на коритото на р. Вардар при вливот, така што нејзиниот тек е поместен кон запад. Вкупната должина на речниот тек изнесува 388 км, од кои се 301,5 км на територија на РМ, а 76,5 км на територија на Р Грција. Вкупната површина на сливот из2 несува 28.588 км, од која на РМ и 2 припаѓаат 20.661 кмили 72,27%, 2 на Р Србија £ припаѓа 1.210 кмили 4,23% (изворните делови на реките Лепенец и Пчиња), а на 2 Грција 6.717 кмили 23,5%. Вкупниот пад на реката од изворот до вливот изнесува 683 м, а просечниот пад 1,76‰, додека вкупниот пад од изворот до грчката граница изнесува 640 м, а просечниот пад 2,12‰. Долината на р. Вардар има композитен карактер. Од изворот до вливот наизменично се сменуваат 5 котлини и уште толку клисури. Во изворниот дел е Полошката Котлина (63,5 км), потоа следуваат Дервенската Клисура (21,5 км), Скопската Котлина (51 км), Таорската Клисура (31 км), Велешката Котлина (7,5 км), Велешката Клисура (22,0 км), Тиквешката Котлина (55 км), Демиркаписката Клисура (19,5 км), Гевгелиско-валандовската Котлина (30 км), Циганската Клисура и до вливот во Егејско Море р. Вардар тече низ Солунско Поле. Во Полошката Котлина од десната страна поради карстифицираниот терен на Сува Гора и на Же-ден р. Вардар прима само две притоки (Дуфска Река и р. Лакавица), а од левата страна прима поголем број притоки, меѓу кои поважни се: р. Маздрача (24,5 км), Боговинска Река (20,0 км), Уливеричка Река (13,0 км), р. Пена (37,0 км), Теаречка Бистрица (19 км), Љуботенска (Вратничка) Река (13,0 км), Гореничка Река (14,5 км), а на излезот од Дервенската Клисура од десната страна ги прима водите од карстниот извор Рашче. Овие реки имаат пороен карактер. Во Скопската Котлина р. Вардар прима помал број притоки, а две од нив се прилично полноводни. Од десната страна кај Сарај ја прима реката Треска (127 км), кај селата Горно и Долно Лисиче Маркова (Сушица) Река (29,0 км) и други, а од левата страна ги прима реките Лепенец (75,0 км) и Серава (21,0 км). Во Таорската Клисура од десната страна ја прима Кадина Река (34 км), а од левата страна р. Пчиња (136 км). Во Велешката Котлина и Велешката Клисура р. Вардар прима 3 притоки и тоа: р. Тополка (45 км) и р. Бабуна (65 км) од десната и р. Отовица (20,5 км) од левата страна. Во Тиквешката Котлина од десната страна ги прима водите на Ваташка Река (33,5 км), Дисанска Река (17,0 км), Црна Река (207 км) и р. Бошава (51,5 км), а од левата страна водите на р. Брегалница (225 км), Градешка Река (38 км) и други помали притоки. Во Гевгелиско-валандовската Котлина р. Вардар од десната страна ги прима водите на Кованска Река (24 км), Сермениска Река (24 км) и на Конска Река (30 км), а од левата страна водите на Анска Река (22 км) и на Луда Мара (19,5 км). Средногодишниот протек на р. Вардар во Скопје изнесува 63 33 м /сец, а во Гевгелија 144 м /сец. Максимален водостој во Скопје е забележан во ноември 1962 г., а големи води се забележани и во 1900, 1916, 1937 и 1979 г. ЛИТ.: Миловој Гашевски, Вардар, најголема и најзначајна македонска река, „Географски видик”, кн. 1. Скопје, 1970; Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *