ВАПЦАРОВ, Иван

ВАПЦАРОВ, Иван (ЈОНКО) Проданичин (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 1861 – Софија, 21. Ⅰ 1939) – деец на македонското ослободително движење, војвода, татко на Никола и Борис Вапцарови. Член на ТМОРО (1896) и секретар на револуционерниот комитет во Банско (1901). Учесник во Илинденското востание (1903). По Востанието бил затворен во Солун и амнестиран по Младотурската револуција (1908). Бил припадник првин на ВМРО на Иван Михајлов, а потоа на Александар Протогеров. ЛИТ.: Стојан Киселиновски, Македонски дејци (ⅩⅩ век), Скопје, 2002, 44; Енциклопедия Пирински крај, И, А-М, Благоевград, 1995. В. Јот. Никола Вапцаров