ВАН ДЕР ШТУЛ, Макс

ВАН ДЕР ШТУЛ, Макс (Маџ ван дер Стоел) (Воопшотен, Холандија, 3.Ⅷ 1924) – холандски политичар и меѓународен службеник. Министер за надворешни работи на Кралството Холандија (1973–1977; 1981–1982); прв Висок претставник на ОБСЕ за национални малцинства (1993-2000) со значаен ангажман во РМ во процесот на остварување на правото на припадниците на албанското малцинство на високо образование на мајчин јазик (Универзитетот за Југоисточна Европа популарно е именуван како штулов универзитет, отворен во Тетово на 20. XI 2001). Т. Петр. Жанета Вангели

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *