ВАЛАНДОВО, ИСАР

ВАЛАНДОВО, ИСАР – антички и средновековен градски центар на малото Валандовско Поле, во месноста Исар – Извор Св. Петар, 1 км северозападно од центарот на Валандово. Доминантен рид, јужен изданок на планинскиот срт Плавуш. Фортификацијата на градот се состои од два дела: висока северна акропола со приближно правоаголна форма (240 х 180 м, на површина од 3 ха), утврдена со малтерен ѕид и со најмалку 7 доцноантички одбранбени кули и простран долен град, исто така со правоаголна форма (330/370 х 180/220 м, на површина од 10 ха). На сртот, 200 м северно од акрополата, се откриени остатоци од рановизантиска кула ( Ⅵ в.). Егзистенција од раната антика (делови од античка и коринтска сликана керамика од Ⅵ до Ⅳ в. пр. н.е.), камени архитектонски елементи од раноцарски хероон, доцноантички монети и други предмети од Ⅲ до Ⅵ в. од н.е. Откриени се и средновековни наоди: фрагменти од глеѓосани византиски чинии, комненовски керамиди, бронзен прстен, бакарни скифати, венецијанска монета од Ⅻ до ⅩⅣ в. од н.е. Изнесени се хипотези за убикација на локалитетот со античкиот град Идомене и со средновековниот град Алавандово. ЛИТ.: Т. Томоски, Валандовски Хисар, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија, Ⅵ-Ⅶ (1967-1974), Скопје, 1975, 271-278; И. Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопје, 1996, 165-168; истиот, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 20-23, 332-333; И. Микулцик, Спатантике унд фрухбѕзантинисцхе Бефестигунген ин Нордмакедониен, Мунцхен, 2002, Но. 387 Валандово, 448450. В. Л.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *