ВАЛАВНИЦИ

ВАЛАВНИЦИ – металуршки погони за обработка на металите со валање; првобитно се во состав на Рудници и Железарница „Скопје”, а денес функционираат како независни производно-преработувачки фабрики. Валавниците (т.н. топли или ладни, во зависност од применетата постапка и дебелината на производот) се индустриски постројки и инсталации за производство на челични плоснати производи. Во Топлата валавница (денес во составот на Макстил), со поусовршена технологија, се произведуваат слабови на континуирани линии за леење и се валаат топловалани ленти и тоа дебели лимови (5 до 130 мм) и средно дебели лимови (2 до 5 мм). Во Валавницата за ленти се врши преработка на слабовите до ленти со валање во две етапи, при што се добива меѓупроизвод со дебелина на лентите од 22 до 30 мм и ленти дебели од 2 до 10 мм, од кои, дел се доработува во Ладната валавница, каде валањето се о врши на температури под 100 С. Се врши лужење на железните оксиди од површината со киселина, странично обрежување и лад-но валање до ленти дебели од 0,4 до 2,5 мм, кои натаму можат и да се поцинкуваат и да се пластифицираат, со што се подобруваат отпорноста на корозија и изгледот на производот. Св. Х. Ј. – Љ. А.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *