БУРМАЛИ ЏАМИЈА

БУРМАЛИ ЏАМИЈА (Скопје, 1495) – подигната (врз темелите на некогашна црква) од Мехмедбег Карли-заде на десната страна на р. Вардар, до Камениот мост. Името Бурмали го добила по минарето, кое однадвор било изгравирано со шари во вид на спирала. Покриена со три коритести свода, а тремот бил пресводен со пет кубиња кои се потпирале на шест мермерни столба. Срушена во 1925 г., а на нејзино место бил изграден Офицерскиот дом. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Податоци за Бурмали џамија во Скопје, со посебен осврт на натписната плоча, столбовите, капителите и базисите, Музеј на Македонија, Археолошки, Етнолошки и Историски, Зборник нова серија, бр. 2, Скопје, 1996. Др. Ѓ. Киро Бурназовски-Мумурузница

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *