БУЛКЕС

БУЛКЕС (јуни 1948 – септември 1949) – бегалски центар за учесниците во Граѓанската војна во Грција. Според договорот на КПЈ и КПГ, во времето на Граѓанската војна во Грција во Војводина биле згрижени извесен број семејства од Егејскиот дел на Македонија, главно Македонци, а биле отворени и неколку домови по интернатски принцип за децата-бегалци во Бела Црква и на други места. Истовремено бил отворен и бегалскиот центар во Булкес, каде што биле згрижени околу 6.000 борци и политички бегалци. Населбата прераснала во општина на политички бегалци и располагала со обработливо земјиште, земјоделски машини и алати, фабрика, училишта, печатница, детска градинка и сл. Во септември 1949 год. околу 4.000 од нив биле преселени во источноевропските држави и центарот бил расформиран. ЛИТ.: Д-р Ристо Кирјазовски, Македонската политичка емиграција во Источна Европа, „Култура”, Скопје, 1989; истиот, Македонците и односите на КПЈ и КПГ 1945–1949, „Култура”, Скопје, 1995. С. Мл.Карта на поделбата на Македонија по Букурешкиот мировен договор (1913) Бумбарици

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *