БУГАРСКО ТАЈНО РЕВОЛУЦИОНЕРНО БРАТСТВО во Солун

БУГАРСКО ТАЈНО РЕВОЛУЦИОНЕРНО БРАТСТВО во Солун (1897–1899) – пробугарска организација во Солун формирана во март 1897 г. од Бугари и од Македонци со пробугарски определби, под претседателство на Иван Гарванов. Братството имало слаби клонови во Прилеп, Кавадарци, Велес и Сер. Членовите на братството истовремено членувале во благотворителното братство „Милосрдие“, чиј почесен член бил бугарскиот премиер Константин Стоилов. Братството било во врска со Бугарската егзархија, со ВМК и со бугарската влада, се пројавило како заштитник на „бугарска народност“ во Македонија и заговарало ликвидација на членовите на ЦК на ТМОРО. Во септември 1899 г. бил постигнат договор со ЦК на ТМОРО, Братството се самораспуштило, членовите на раководството Ј. Кондов и И. Гарванов биле кооптирани, првиот во ЦК, а вториот во Солунскиот окружен комитет. Тоа имало трагични последици за македонското ослободително дело. ЛИТ.: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт. Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает (1893–1903), Скопје, 2003. В. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *