БУГАРСКО-СРПСКА ТАЈНА СПОГОДБА

БУГАРСКО-СРПСКА ТАЈНА СПОГОДБА (Софија, 19. Ⅱ 1897) – спогодба за време на војната меѓу Грција и Турција, двете влади да не преземаат еднострана политичка или воена акција, без согласност на другата, што би можела да го наруши статус квото. Ис-то така се обврзале, до договореното разграничување на зоните на бугарските и српските интереси во Македонија и на другите владенија на Турција, нивните пропагандни институции и организации во пропагандното дејствување да не си пречат, туку заемно да се помагаат. Договорните страни се согласиле да се присоедини и Црна Гора, а за тоа да биде запознаена Русија. Руската влада ја информирал српскиот дипломатски претставник во Петроград. ЛИТ.: Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави, Скопје, 2000; Ат. шоповъ, Какъ ни се наложи Балканската война. Съ прибавление пълния текстъ на всичките договори и конвенции съ Сърбия и Гърция, София, 1915. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *