БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Од формирањето на бугарската држава во Ⅶ в. до почетокот на XI в. кога делови од Бугарија му припаѓаат на Самуиловото Царство, бугарските владетели се обидуваат да освојат делови од Македонија. Поголем дел од бугарските епархии се под јурисдикција на Охридската архиепископија с” до нејзиното укинување (1767). Во 1870 г. се формира Бугарска егзархија со македонски епархии под нејзина јурисдикција преку кои се остварува црковно и политичко влијание. Од формирањето на Кнежевството Бугарија (1878) бројни се обидите за целосно заземање на Македонија и за создавање Голема Бугарија. Во втората половина на ⅩⅠⅩ в. започнува масовно емигрирање од сите делови на Македонија во Бугарија. Македонската емиграција е организирана во македонски организации, друштва, кружоци, братства и групи со добротворна, културнопросветна, национално-политичка, револуционерно-ослободителна и друга активност, главно во Софија, но и во Хасково, Бургас, Пловдив, Русе, Варна итн. Некои од нив се во функција на официјалната бугарска политика кон Македонија. Следуваат притисоци за преземање на раководењето со македонското националноослободително движење (МРО), преку формирање на Врховниот македонски комитет во Софија. Особено е негативна улогата на Бугарија пред и во времето на Илинденското востание. Бугарија и Србија се иницијатори за формирање на Балканскиот сојуз и за почнување на Балканската војна (1912). По Балканските војни, дел од територијата на Македонија влегува во составот на Бугарија (Пиринскиот дел на Македонија), во согласност со решенијата од Букурешкиот мировен договор (1913). Во Првата светска војна (1915–1918), Бугарија и сојузниците го окупираат делот од Македонија што $ припаѓал на Србија (Вардарскиот дел на Македонија). И по војната продолжува истата политика. Меѓу двете светски војни, поддржана од властите на Бугарија, дејствува ВМРО, чи-јашто активност во однос на Македонија варира во зависност од конкретната ситуација. Во тој период во Бугарија се убиени видни македонски интелектуалци (Ѓорче Петров, Арсени Јовков, Димо Хаџидимов и др). Во април 1941 г., Бугарија повторно го окупира Вардарскиот дел на Македонија, со исклучок на западните делови, кои се под италијанска, односно под албанска окупација, воспоставувајќи целосна административна, воена, полициска, просветна и друга власт с” до капитулацијата (септември 1944). По Втората светска војна Македонците во РБ се признати како дел од посебен народ, со определени права на малцинство во Пиринскиот дел. По смртта на Георги Димитров и Резолузијата на Информбирото (1948) настапува заладување на југословенско-бугарските односи и негирање на постоењето на Македонците. На јана најсрдечна културна сора-Македонска книжарница во Горна Џумаја (1947) пописот од 1946 г. како Македонци се изјаснуваат 250.000, додека на пописот од 1992 г. таа бројка е само 10.000, а на пописот од 2002 г., иако без соодветна графа, како Македонци сепак се запишуваат 5.000 лица. РБ прва ја признава независноста на Република Македонија под уставното име (15. Ⅰ 1992). Официјални дипломатски односи на највисоко ниво се воспоставуваат на 20. Ⅻ 1993 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РБ во Република Македонија е Ангел Димитров. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во РБ е Ѓорѓи Спасов. ЛИТ.: Крсте Битоски, Македонија и Кнежевството Бугарија, Скопје, 1977; Ахил Тунте, Република Македонија -прва декада (1990-1999), Скопје, 2005. Т. Петр.