БУГАРСКИТЕ ОКУПАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

БУГАРСКИТЕ ОКУПАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА (1912–1913, 1915– 1918, 1941–1944). Бугарските воени сили, во содејство и со помош на македонските чети, до примирјето на 4. XI 1912 г. ја зазеле и се и Сојузот на бугарските консти-Бугарскиот баталјон „Христо Ботев“ утврдиле на територијата на Македонија источно од линијата Ва-рев Врв – Гевгелија – Нигрита – Орфански Залив – Егејско Море. На таа територија на Македонија, окупирана од бугарската војска, била воспоставена воено-полициска власт. Била наречена „Македонско воено губернаторство” на чело со губернатор, генералот Михаил В’лков и главниот секретар Михаил Зелков. Со наредба (2. Ⅻ 1912) тоа било организирано во четири окрузи: Серски, Драмски, Штипски и Солунски, кој од 12. Ⅻ бил преименуван во Кукушки округ. Окрузите биле поделени на околии, чија територија се поклопувала со отоманските кази. За окружни управници биле поставувани лица од Бугарија или лица по потекло од Македонија, кои од порано ја спроведувале бугарската пропаганда. По окупацијата во Македонија во времето на Првата светска војна, со наредба од 17. XI 1915 г. била создадена Македонска воено-инспекциска област во која влегувале териториите од Вардарскиот дел на Македонија, што со Букурешкиот договор биле доделени на Србија и дел од Косово. Во пролетта на 1916 г., по навлегувањето на бугарската војска во Егејскиот дел на Македонија, би-ла создадена Драмската военоинспекциска област. Двете военоинспекциски области на територијата на Македонија биле потчинети на Главната команда на Втората армија. За началник на Македонската военоинспекциска област бил назначен генералот Рачо Петров, а за заменик полковникот Александар Протогеров. Со оглед на тоа што војската била позиционирана на Македонскиот фронт, за организирање и воспоставување на административната власт бил ангажиран штабот на Партизанскиот одред со кој раководел Тодор Александров и ја вршел должноста „чиновник за специјални задачи”. Во оваа секција влегувале 20 чиновници, истакнати раководители на ВМРО, кои имале задача да ја организираат бугарската административна власт во Македонија. Управата се наоѓала во Скопје, а почнала да функционира од 8. Ⅻ 1915 г. Територијата била поделена на девет окрузи и 40 околии. Со тоа било довршено воспоставувањето бугарска административна, воена, судска и полициска власт во Македонија. Со окупацијата на Македонија по Априлската војна (1941), одново бил воспоставен бугарскиот окупациски систем на воена, полициска, државно-административна и црковна власт. Воената власт се состоела од команди на области – Скопска и Битолска, а од 1943 г. и Штипска. Во секоја од нив била распоредена по една дивизија, повеќе полковски окрузи, а во помалите градови отворале и касарни. Во Македонија биле формирани две административни области со центри во Скопје и во Битола, со повеќе околии и општини. На че-ло на областите се наоѓале директори, во околиите управници, во општините претседатели, а во селата кметови. Полициската власт била структурирана по области, околии, општини и села. Во областите – Скопска и Битолска, раководни органи биле директорите, а во околиите и општините началниците и командирите. Во полицијата постоеле одделенија А, Б, Ⅴ и Г за посебни задачи. Судската власт ја претставувале околиските, обласните и апелационите судови. Бугарската црква воспоставила своја црковна власт со три епархии: Скопско-велешка, Охридско-битолска и Струмичко-драмска, за што довела 280 свештени лица од Бугарија. ЛИТ.: Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје, 2000. В. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *