БРНОБИЌ, Јосип

БРНОБИЌ, Јосип (Хум, Истра, Хрватска, 5. XI 1894 – с. Брнобиќи, Риека, 1984) – диригент, композитор, музички педагог и музички рецензент. Завршува (1924) Конзерваториум во Љубљана (Ј. Равник, пијано; К. Јерај, виолина; Ј. Михел, композиција и диригирање). Живее во Скопје (1930– 1938), каде што работи како диригент на Градскиот мешан хор „Мокрањац” (1930–1936) и на Градскиот мешан хор „Вардар” (1930–1938). Бил директор на Му-зичкото училиште „Мокрањац” (1936–1938), како и професор по пијано (1936– 1938). Автор е на Химната на Градскиот хор „Вардар”, а потоа и на неколку хорски, вокално-инструментални и инструментални дела, како и на сценското дело Пингвини. Во јавните гласила („Вардар”, „Скопски гласник”, „Јужни преглед” и „Звук”) објавил повеќе музички рецензии. Ј. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *