БРИГИ

БРИГИ – индоевропска популација, која во Ⅱ и Ⅰ милениум од ст.е. го населува балканскиот простор, од пл. Пангај (источно од р. Аксиос) до централниот, југоисточниот и јужниот дел од денешниот албански простор, Епир, Охридскиот регион и Пелагонија. Тие се содржат во етногенезата на античките Македонци и на Пајонците. Бригите ги сметаат за најстар народ на светот (Херо-дот), за изумители на вештини (обработка на метали, ковење пари, изум на тркалото, музиката на Марсијас). Мигрираат во Мала Азија (се среќаваат под името Фриги), пред и по Тројанската војна. На Балканот, како голема популација, исчезнуваат во поч. на железното време Ⅱ, но нивниот јазик и ономастика, како и елементите на материјалната култура, остануваат во културата на античките Македонци. ЛИТ.: Хомер, Илијада. Препев М. Д. Петрушевски, Скопје, 1982; Е. Петрова, Бриги, Скопје, 1996. А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *