БРЕКЛИНКА

БРЕКЛИНКА . (Сорбус торминалис Л., фам. Росацеае) – дрво до 25 м високо, со ареал во Средна и во Јужна Европа, но и во Северна Африка. Во РМ се појавува како единечна или групна примеса во дабовиот регион. Листовите се прости, длабоко врежани. Цветовите се бели, собрани во штитести соцветија, а плодовите се мали (15 мм), крушковидни, со жолтокафеава боја. Ал. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *