БРЕЗЈАНИН, Ристо Трифунов

БРЕЗЈАНИН, Ристо Трифунов (с. Брезно, Тетовско, 1907 – Скопје, 1968) – инфектолог. Мед. ф. завршил во Букурешт, Романија (1934). Како општ лекар работел во Тетово. Подоцна доаѓа во Скопје и од 1944 г. е лекар на Интерното одделение на Земската болница. Го формирал Инфективното одд., кое подоцна прераснува во Инфективна клиника на Мед. ф. во Скопје. Во 1948 г. добил звање спец. инфектолог, а во 1958 примариус. Напишал повеќе учебници за Средното медицинско училиште, каде што предавал, и околу 70 труда за разни области на медицината и здравствената култура во Македонија, а во ракопис оставил Историја на медицината во Македонија. ЛИТ.: „Ацта Хисторица медицинае, пхармациае, ветеринае”, Анно IX, 1-2, МЦМЛЏИЏ, 295. Д. С.-Б. Велимир Брезовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *