БРЕЗОВСКИ, Велимир

БРЕЗОВСКИ, Велимир (с. Галичник, Мавровско, 19. Ⅹ 1924 – 6. Ⅰ 1986) – првоборец, историчар. Бил учесник во НОАВМ (1941) и член на КПМ (1944). Работел во Историското одделение на ЦК на СКМ (1954-1959) и меѓувремено дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје – Група историја (јуни 1955). По приклучувањето на Историското одделение на ЦК на КПМ кон Институтот за национална историја (1960– 1986), докторирал на наведениот факултет на темата „Ослободителната војна во Македонија 1943 година” (1965). Автор е на книги, зборници со документи, статии и прилози од научни собири за периодот меѓу двете светски војни и НОАВМ. БИБ.: Албум на народните херои на Македонија, Скопје, 1956 (со коавтор); Историски архив на СКМ, т. Ⅱ: Статии од весниците и списанијата од периодот на Народноослободителната борба во Македонија 1941-1944, втора книга, (1944), Скопје 1958, (со коредактор); Документи за младинското движење во Македонија 1941-1945, Скопје, 1961, 1-494 (со коредактор); Документи и материјали за ослободувањето на Скопје, Скопје, 1968, 1-286 (со коредактори); Документи и материјали на ПК КПЈ и ЦК КПМ 1941-1944. Извори за Ослободителната војна и Револуцијата во Македонија 1941-1945, том И, кн. прва, втора и трета, Скопје, 1968, 1969 и 1970 (избор и редакција со соработници); 90 дена на Скопската комунистичка општина, Документи и материјали, Скопје, 1970, (избор и редакција со соработници); Ослободителната војна во Македонија во 1943 (на територијата на СР Македонија), Скопје, 1971, 1-415; Извори за ослободителната војна и револуцијата во Македонија (19411945), том И, кн. шеста: Документи за Петтиот областен комитет на КПМ, септември 1943 – јули 1944 година, ИНИ, Скопје, 1975; Комунистичката партија на Македонија, ИНИ, Скопје, 2003. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948-1998, Скопје, 1998, 205-207. С. Мл. Славко Брезоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *