БРАШНАРИ

БРАШНАРИ (Тенебрионидае) – тврдокрилни инсекти. Имаат силно хитинизирано голо или влакнесто тело; нозете им се долги или кратки, но силни. Се хранат, главно, со габи, со гнили растителни материи и со листови. Името го добиле според начинот на исхраната на ларвите. Се среќаваат во човечки живеалишта. Ги има и во магацините за брашно и за храна, поради што се означени како штетници. Познати се 15.000 видови, повеќето како жители на топлите поднебја, степи и пустињи. Во Македонија е чест видот обичен брашнар (Тенебрио молитор Л.), познат како голем штетник. Возрасните единки се активни ноќе, се забележуваат кога летаат на светлина. Неговите бројни ларви живеат во брашно. Се употребуваат како храна за организмите во терариуми и аквариуми. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр. Панко Тодоров Брашнаров БРАШНАРОВ, Панко Тодоров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *