БОЈАЏИ, Атина

БОЈАЏИ, Атина (Охрид, 11. Ⅲ 1944) – пливачка маратонка. Завршила Виша тренерска школа во Нови Сад (1968) и Виша педагошка школа во Белград (1972). Била член на ПВД „Охридски бранови” во Охрид. Првенка на Атина Бојаџи Македонија во 13 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди. На врвните светски натпреварувања во маратонско пливање освоила 3 први места, на Охридското Езеро, 36 км (1962 и 1966) и од Капри до Неапол, 33 км (1963) и 2 втори места од Капри до Неапол (1966 и 1968). Била прва и на силните меѓународни маратони Саида–Бејрут 40 км (Либан, 1962) и Кабрет–Исмаилија 60 км (Египет, 1963). Ус-пешно учествувала и на други маратони (до 1970). Го препливала каналот Ла Манш (9. IX 1969) за 13 часа и 20 минути. Таа е избрана за најдобар спортист на Македонија (1962 и 1963). ЛИТ.: Александар Радич, 50 години „Охридски бранови”, Охрид, 1982. Д. С. Дики Бојаџи