БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов

БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов (Кратово, 14. Ⅻ 1876 – Скопје, 1950) – црковен певец и учител по црковно пеење. Се школувал во Скопје и во Хилендарскиот манастир, каде што завршил двегодишен курс по источно пеење. Бил учител во Струмица, Штип и во Тетово. Работел во Бачковскиот манастир и во Стара Загора, Бугарија. Од 1941 г. живеел и работел во Велес и во Скопје. Б. е автор на обемен ракопис со Хрисантова нотација, на чии страници се наоѓаат и творби од македонски автори на духовни напеви. Др. О.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *