БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко (с. Голем Радобил, Прилепско, 12. Ⅵ 1918 – с. Сливник, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – столар, комунистички деец и легендарен првоборец. Како член на СКОЈ (1935), учествувал и во работничкото движење во Белград (1937). Во времето на Илинденските демонстрации (1940) одржал два забележителни говора. Како член на КПЈ (1941), бил член на МК на КПЈ во Прилеп, политички комесар на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев”, член и инструктор на ПК на КПЈ за Македонија (од декември 1941), политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб (од април 1942), политички комесар на велешкиот НОПО „Димитар Влахов” (септември 1942). Пет пати бил осудуван на смрт од бугарските судови. Тешко ранет (Божик 1943), борците го оставиле во една колиба, но бил предаден и во нерамна борба со бугарските воени и полициски сили, со последниот куршум се самоубил. ЛИТ.: Љубен Георгиевски, Трајко Бошкоски-Илинденски, „Комунист”, ⅩⅪ, 302, Скопје, 15. Ⅱ 1963, 10; Љубен Георгиевски-Љупта, Тарцан (Трајко Бошкоски-Тарцан – Илинденски), Скопје, 1994. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *