БОФИНАТ

БОФИНАТ – средновековно утврдување во Пелагонија, јужно од Битола, на патот Виа Егнација. Го наведуваат западните извори веднаш по Битола, на патот на крстоносците од Драч кон Солун и кон Цариград. Се идентификува со селото Буф (Буфи, Акритас) во денешна Грција. Се лоцира ис-точно од селото, на локалитетот „Градиште“. Утврдувањето го контролирало патот Виа Егнација, како и патот што водел од Костур и од Корча, преку превојот Писодери, во Пелагонија и тука се спојувал со Виа Егнација. ЛИТ.: К. Аџиевски, Првиот крстоносен поход и Пелагонија, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, 19 (45), Скопје, 1992. К. Аџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *