БОСИЛОВО

БОСИЛОВО – село во Струмичко. Се наоѓа во средишниот дел на Струмичката котлина, на надморска височина од околу 215 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–6 кој го поврзува со Струмица. Има 1.698 ж. Населението главно се занимава со одгледување на раноградинарски култури. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 16.199 ха, има 16 населени места со 14.260 ж. Во Б. постои осумгодишно училиште и црква. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *