БОРО ПЕТРУШЕВСКИ Државно автосообраќајно училиште, Скопје

„БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ Државно автосообраќајно училиште, Скопје – започнува како нижо училиште за автомеханичари (1947), а по серија измени и дополнувања се верифицира за давање општостручен степен на образование од областа на патниот сообраќај. Со помош од „Фаре“ е овозможена генерална промена на училишниот идентитет и денес се образуваат: техничари за патен сообраќај и транспорт, автомеханичари, автолимери, автолакери и автоелектроничари. За таа намена постојат современи училници. Во процес на профилирање се неколку нови образовни струки и повеќе видови курсна настава. ЛИТ.: Боро Петрушевски, монографија, 1997 год. Р. Д. Боровинки