БОРИС Ⅰ

БОРИС Ⅰ (? – 907) – бугарски кан и кнез (852–889), последен паган-ски и прв христијански владетел на средновековна Бугарија. Ги продолжил освојувањата на татко му Пресијан, ги приклучил кон Бугарија териториите на Централна и на Западна Македонија, како и делови од Албанија. Го прифатил христијанството како официјална религија во бугарската држава (864/865) и го добил христијанското име Михаил. Го задушил бунтот на болјарите и на син му Владимир, кој се обидел да го реставрира паганството во државата. Ги примил на својот двор избеганите ученици на Кирил и Методиј од Моравија. Починал во манастир. ЛИТ.: В. ГÓзелев, Кн®з Борис Първи, София, 1969. К. Аџ. Борис Ⅲ, бугарски цар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *