БОРБИТЕ КАЈ ЃУРИШКИОТ МАНАСТИР, Светиниколско

БОРБИТЕ КАЈ ЃУРИШКИОТ МАНАСТИР, Светиниколско (18. Ⅷ 1903) – водени помеѓу две македонски востанички чети, од една страна, и османлиската војска и башибозукот, од друга страна. По целодневната жестока борба, ноќта востаниците се извлекле од обрачот на воените единици и башибозукот од Штип, Велес и Куманово. Во битката загинал еден востаник (Тодор Мирасчиев од Штип), двајца биле ранети, а османлиската војска имала над 80 жртви. ЛИТ.: М. Пандевски, Македонското ослободително дело во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Ⅱ, Скопје, 1987, 404-405. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *