БОРБИТЕ КАЈ АРЏАНСКОТО БЛАТО

БОРБИТЕ КАЈ АРЏАНСКОТО БЛАТО . (с. Аматово, Кукушко, Егејскиот дел на Македонија, јули 1903). Османлиска војска (три баталјона – 2.200 души) во јули ги опколила четите на ТМОРО на Крсто Асенов, Трајко Јотов, Гоце Нисторов и Гоно Бигинин (110–115 комити). По 20-дневна опсада четите се извлекле без загуби, ноќта помеѓу 3–4/16–17. Ⅶ 1903 г., пред почетокот на артилерискиот напад. ЛИТ.: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт. Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает (1893–1903), Скопје, 2003. В. Ѓ.