БОРБАТА НА КЛЕНОВЕЦ

БОРБАТА НА КЛЕНОВЕЦ . (с. Кленовец, Кичевско, 6. Ⅹ 1943) – прва фронтална битка на Кичевскиот НО баталјон и НО баталјон „Мирче Ацев“ против германскобалистичките сили за одбрана на слободната територија. Тоа била стратегиска позиција за спречување на продорот на непријателските сили на слободната територија и Гш на НОВ и ПОМ наредил да се брани по секоја цена. Германските сили продирале од три правци: од кај с. Брждани, од с. Лавчани и по долината на реката Треска. Борбата започнала рано изутрината, около 5,20 и траела до 9 часот. Германските сили во борбата употребиле и минофрлачи. Притоа силите на НОВ и ПОМ имале околу 20 загинати, а фашистичките сили околу 70. Меѓу другите, тогаш загинале и политичкиот комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ, народниот херој Јосиф Јосифовски-ЛИТ.: Слободата беше нивниот идеал. Зборник на паднатите борци во НОВ и на жртвите на фашистичкиот терор од Кичево и Кичевско, Кичево, 1982, 27. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *