БОРБАТА КАЈ ГАНДАЧ

БОРБАТА КАЈ ГАНДАЧ (врв на Пајак Планина, 12–13/25–26. IX 1903) – борба на востаничките че-ти на војводите Апостол Петков и Иван Карасулијата со осмалиските воени единици од гарнизоните во Гевгелија и во Гуменџе. На 12/25. IX 1903 востаниците (103 души) ги зазеле стратешките позиции. Османлиските единици (1.200 души) нападнале и се водела жестока битка. На 13/26. IX 1903 г. востаниците со јуриш го пробиле обрачот. Загубите на востаниците биле незначителни, а османлиската војска имала над 180 жртви. ЛИТ.: Ангел Динев, Илинденската епопеја, 1. Приредил: Владо Картов, Скопје, 1987. В. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *