БОЛВИ

БОЛВИ (Сипхонаптера = Апханиптера) – бескрилни инсекти со бочно сплескано тело. Задните нозе се приспособени за скокање. Усниот апарат служи за боцкање и за цицање. Имаат кратки антени. Мажјаците се обично поситни од женките. Ларвите се црвовидни, без нозе, поседуваат апарат за грицкање. Болвите живеат паразитски на топлокрвните животни и на човекот. Редот опфаќа околу 1.600 видови со големина од 1 до 6 мм. Познати видови се: човекова болва (Пулеџ ирританс Л.), паразитира на кожата на човекот, поседува силни горни вилици со кои ја раскинува кожата и вовлекува цевка за цицање крв; кучешка болва (Цтеноцепхалидес цанис Цуртис), малку е поголема од човековата болва и е со сличен животен циклус, ретко доаѓа на човек; мачкина болва (Цтеноцепхалус фелис Л.), паразитира на кожата од мачките; кокошкина болва (Цератопхѕлус галлинае Сцхранк), паразитира на кокошка. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *