БОЗЕЛ, ДЕБАРСКИ

БОЗЕЛ, ДЕБАРСКИ . (Самбуцус деборенсис Коš.) – ендемит од фамилијата Цаприфолиацеае, чиишто таксономскиот статус с” уште не е сосема јасно дефиниран. Познат е само за непосредната околина на Дебар, а во поново време се наведува и за Бугарија. Загрозен вид. Вл. М. БОЗУК – кордофон жичен народен инструмент од фамилијата двогласни тамбури, кој располага со вкупно шест мелодиски жици, поделени во две групи – за секој глас по три жици, наштимани во унисоно звучење. штимањето на инструментот е во интервал чиста кварта, а репертоарот е составен од посебни инструментални мелодии, но уште почесто бозукот се користи како придружник на народните песни. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 43. Ѓ. М. Ѓ. Диме Бојановски -Дизе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *