БОЗДОГАН

БОЗДОГАН (БОЗДУГАН; БУЗДОВАН; ТОПУЗ) – железна боцлива топка со рачка како бојно ладно удирачко и фрлачко оружје на јунаците за блиска борба. Обично се состоело од глава со 3-18 пера и рачка со должина од 0,5 до 0,8 м. На нашите прос-тори бил употребуван во стариот и во средниот, а поретко по ⅩⅤⅠ век. Се среќава во голем број македонски епски народни песни, посебно во песните за Марко Крале. Во Музејот на Македонија и во другите македонски музеи се зачувани поголем број примероци со разни форми. ЛИТ.: Миладиновци, Зборник 1861-1961, Скопје, 1962, 190, 193, 195-196, 221, 245 и 246; Деца јунаци. Народни песни. Редактирал Ѓорѓи Милошев, Скопје, 1954, 10-11 и 68; Малешевски народни песни. Збирка на Станко Костиќ. Редактирал Тодор Димитровски, Скопје, 1959, 142. С. Мл. Стерјо Боздов