БОЖИНОВСКИ-ПРЦАН, Боро Величков

БОЖИНОВСКИ-ПРЦАН, Боро Величков (Куманово, 1917 – манастир „Благовештение” на Скопска Црна Гора, Скопско, 12. IX 1942) – опинчарски работник и првоборец. Бил член на СКОЈ (1936) и на КПЈ (1937) и особено активен во Кожарската синдикална подружница. По фашистичката окупација станал борец на Козјачкиот НОПО (12. Ⅹ 1941). По судирот на одредот со бугарските сили кај с. Малотино, Кумановско (17. Ⅹ 1941), успеал да се пробие и да се илегализира во градот, а потоа се вклучил на Врањскиот НОПО (пролетта 1942). Подоцна пак се вратил во Македонија и се вклучил како борец на Скопскиот НОПО. Загинал во борба против бугарската војска и полиција и балистите од Качаник. ЛИТ.: Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941-1945. Општински одбор на СЗБ од НОВ – Куманово, 1976, 29; Крсто Здравковски, Да не се заборави, Споменици и спомен белези од НОВ во Скопје, Архив на Скопје, Скопје, 1982, 43. С. Мл. Боздогани