БОЖИНОВСКИ, Вангел

БОЖИНОВСКИ, Вангел (Скопје, 10. Ⅻ 1950) – архитект, дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1975). Се занимава со архитектонско проектирање, архитектонска теорија и критика. Позначајни реализации: Галерија „Остен“ во Скопје; архитектонско урбанистичко решение на споменикот на Антон Панов во Струмица (1989); угостителски објект во Ниш (1988), реконструкција и надградба на зградата на „Црвениот крст“ во Скопје (2000); реконструкција и ревитализација на Агим-беговата куќа во Тетово (2001). Кр. Т. Здравко Божиновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *