БОЖИНОВСКА, Искра

БОЖИНОВСКА, Искра (Скопје, 18. Ⅵ 1947) – оперска певица–сопран. Во 1970 г. дипломирала со-ло–пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. К. Трпков). Солист во Операта и Балетот на МНТ (1970–1992), во меѓувреме и директор (1989–1990), но заминува во Австрија, а потоа во Австралија и се занимава со педагошка дејност и хорско пеење. На оперската сцена на МНТ остварила повеќе од 25 помали и поголеми улоги, меѓу кои: Аида, Евридика (Орфеј и Евридика), Елизабета (Дон Карлос), Јарославна (Кнез Игор), Мими (Боеми), Леонора (Трубадур), Татјана (Евгениј Онегин), Симка (Разделба – Т. Прокопиев). Со пријатен глас, естраден шарм и уверлива сценска игра, со успех донесува различни драмски и лирски расположби. Гостувала на неколку оперски сцени во поранешна Југославија и во Германија, Италија и Канада. Ф. М. Вангел Божиновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *