БОГОВИНСКО ЕЗЕРО

БОГОВИНСКО ЕЗЕРО – постглацијално езеро на шар Планина. Се наоѓа во долината на Боговинска Река (Езерска Река), на надморска височина од 1.936 м и е најголемо од овој тип езера во РМ. Настанато е во терминалниот базен, на местото каде што се топел планинскиот ледник, зад челните морени, и е протечно. Во правец јз-си е долго 245 м, широко 210 м, а најголемата длабочина изнесува 2,2 м. Должината на езерскиот брег изнесува 1.200 м, а во овие рамки тоа зафаќа повр2 шината од 66.880 м . Со вода се полни од подземните води и од изворите, врнежите, површинските води и друго, а ја губи водата преку испарување, подземно истекување и преку површинска истека. ЛИТ.: Д. Кривокапиќ, шар Планина, Туристичка штампа, Београд, 1969; Александар Стојмилов, Туристички вредности на планините во СР Македонија, ПМФ, Скопје, 1975. Др. В. БОГОВИЊЕ – село во Тетовско. Се наоѓа на преминот на шар Планина во Полошката Котлина, на надморска височина од околу 550 м. Со регионален пат е поврзано со Тетово. Има 6.328 ж. сите од албанското малцинство. Тоа е седиште на општина, која зафаќа површина од 14.555 ха, има 14 населени места со 28.997 ж. Во селото постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *