БОГДАН

БОГДАН . (Ⅹ – XI в.) – македонски благородник и крупен великодостојник, топарх на внатрешните тврдини што се протегале, според Скилица, од Прилеп кон запад, и најверојатно ги зафаќале централните области на Самуиловото Царство. Освен Скилица, не го споменува ниеден друг извор. Тој одамна бил приврзаник на византискиот цар, го убил и својот тест Матеица, па како таков кога му се предал на Василиј Ⅱ (пролетта 1018), бил почестен со високата титула патрикиј. Но не бил задоволен од тоа што го добил од Византија за услугите, па Скилица подоцна го спомнува како еден од учесниците во заговорот против византискиот цар Константин Ⅷ (1026), при што бил фатен и ослепен. ЛИТ.: Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994. Ѓ. Малк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *