БОГДАНЦИ

БОГДАНЦИ – град во јужниот дел на Република Македонија : 6.011 ж. (2002). Се наоѓа на источниот крај на Гевгелиската Котлина, од десната страна на Стара Река, на надморска височина од околу 80 м. Преку Б. води регионален пат кој на југозапад го поврзува со Гевгелија, а на североисток со Нов Дојран и Дојранското Езеро. Зафаќа површина од 311 ха. Има променета средоземна клима. За град е прогласен во 2004 г. Населението главно се состои од Македонци, а од малцинствата се застапени Србите (176 ж.), потоа Турците (48 ж.), а како други се изјасниле 26 ж. Во стопански поглед Б. се карактеризира со развиена аграрна функција. По изградбата на браната Паљурци и системите за наводнување се шири оранжериското производство на раноградинарски култури. Тоа сега е најдоходовно занимање. Б. е седиште на општина која зафаќа површина од 11.454 ха, има 4 населени места со 8.707 ж. Во градот постои фабрика за приколки, реномирано сообраќајно претпријатие, печатница, централно основно училиште, здравствена станица. Ал. Ст. Боговинско Езеро