БОГДАНОВСКИ, Драган

БОГДАНОВСКИ, Драган (с. Клечовце, Кумановско, 19. IX 1929 – шведска, 1. Ⅶ 1998) – македонски публицист, писател, политички емигрант и политзатвореник, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Завршил Средно земјоделско училиште (Битола и Скопје), студирал на Земјоделскиот факултет во Земун (1949), каде што за политичка активност бил осуден на четиримесечна казна затвор во Белград. Во 1951 бил исклучен од Факултетот (без право на студирање во Југославија). Избегал во Грција (1951), бил во логор, а по ослободувањето отпатувал во Франција. Во Париз студирал политички науки, ја формирал Македонската студентска група „Народен фронт“ и го издавал в. „Македонска искра”. Го организирал основањето на организацијата Македонски национален фронт (Лозана, 1957). Во Осло (Норвешка) го издавал в. „Македонска лоза” (1959) и в. „Македонија” и „Слободна Македонија” (Осло, 1960). Неколку години го објавува најзначајниот емигрантски весник на македонски јазик „Македонска нација”. Во 1976 бил киднапиран од тајната полиција и донесен во Скопје, каде што бил осуден (1979). 13 години затвор издржал во Идризово. По ослободувањето заминал во странство, каде што продолжил со политичката активност, учествувал во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, се вратил во РМ и бил избран за почесен претседател на партијата. Во 1993 ја напуштил партијата и формирал Македонски национален фронт, под негово претседателство. Заминал во шведска, каде што и починал, но е погребан во Куманово. ЛИТ.: Ставре Џиков, Четврта емигрант-ска Македонија, Скопје, 2007. З. Тод. Игнатие Богдановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *