БОГДАНОВА-ИКОНОМОВА, Нада Миланова

БОГДАНОВА-ИКОНОМОВА, Нада Миланова (псевд. Стојна) (Солун, 3. Ⅷ 1914 – Скопје, 20. Ⅲ 1987) – правник, комунистички деец, првоборец, новинар. Како студент во Белград станала член на КПЈ (1940). Во времето на НОАВМ била член на МК на КПЈ во Скопје (1942), врска на ПК на КП за Македонија и на ЦК на КПМ со партиските комитети во внатрешноста, со ЦК на БРП(к) и со Јужна Србија и Косово. Како инструктор на ЦК на КПМ (ок. 12. Ⅵ 1943), двапати била апсена од бугарската полиција во Скопје (1943), а потоа интернирана (мај 1944) во Симитли и во Горна Џумаја. По враќањето била борец во Четириесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈ (септември 1944). По Ослободувањето била член на Главниот одбор на АФЖ на Македонија, соработник, а и потоа главен уредник на сп. „Македонка”. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Пренесување на илегален материјал Од илегалната работа на КПЈ, „Просветена жена”, ⅩⅤ, Скопје, 1959, 10; Сеќавање за работата во Горно Врановци, Историските денови на Горно Врановци, Скопје, 1984, 162-165; Формите и содржините на работа со жените и женската младина во Битола 1941/1942 година, Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1042, книга прва, Битола, 1978, 517-520. ИЗВ.: Зб. НОР, т. Ⅶ, кн. 2; Извори, т. И, кн. трета; Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата 1941-1945, Скопје, 1976. С. Мл. Драган Богдановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *