БЛАЖЕСКИ-РАСОЛКОСКИ, Андреја

БЛАЖЕСКИ-РАСОЛКОСКИ, Андреја (с. Мало Црско, Кичевско, 1861 – с. Могила, Битолско, 8. Ⅴ 1903) – прилепски војвода. Првин бил ајдутски војвода (ок. 1885), а потоа заминал на печалба во Романија. По враќањето во Македонија (1900) бил во четата на М. Ацев, М. Лерински и Ј. Пиперката. Од 1901 г. станал прилепски војвода. Движејќи се во четата на П. Цветков загинал во борбите кај с. Могила, Битолско. ИЗВ. иЛИТ.: Н. Русински, Спомени, Скопје, 1997; Д. Пачемска-Петреска, Војводата дедо Андреја од Мало Црско, Скопје, 1999, 198. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *