БЛАГА РАКИЈА

БЛАГА РАКИЈА -. обред со зашеќерена топла ракија во свадбените обичаи, поврзани со првата брачна вечер и прославата на „чесноста на невестата”. Во неделата навечер или утрото во понеделникот невестата ги почестува свадбарите во домот на младоженецот, а обредни лица – деверот, свекрвата или младоженецот им носат блага ракија на родителите на невестата и на кумот, заедно со невестинската кошула, пресна пита, јарец и китка врзана за садот со црвен конец. Од овој обичај денес е задржана само избледнета формална традиција. ЛИТ.: Симо Младеновски, Белешки за првата брачна вечер кај Македонците, „Македонски фолклор”, Ⅶ, 14, Скопје, 1974, 239–249. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *