БИТРАКОВА ГРОЗДАНОВА, Вера

БИТРАКОВА ГРОЗДАНОВА, Вера . (Охрид, 19. Ⅶ 1939) – археолог, унив. професор. Гимназија завршила во Охрид (1958), а дипломирала на Отсекот за археологија на Филозофскиот факултет во Загреб (1963). Од 1963 до 1972 г. работела како кустос по античка археологија и нумизматика во Народниот музеј во Охрид. Во тој период вршела ископувања во Охрид и во околината. Работела како кустос во Археолошкиот музеј во Скопје (1972–1975). Магистрирала во областа на античката археологија на Филозофскиот факултет во Загреб (1974), а докторирала во областа на класичната ар-Вера Битракова-Грозданова хеологија на Загрепскиот универзитет (1984). Редовен член на МАНУ (2009). Од 1975 до 2004 г. работи како професор по Историја на уметноста на старите народи, Класична археологија и Античка археологија на Балканот во Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Избрана за редовен член на МАНУ (2009). Го уредува списанието „Мацедониае ацта арцхаеологица” (9–15). Специјализирала во Париз и во Атина. Се занимава со проучување на урбанизацијата на античките населби, ги интерпретира уметничките дела и нивната врска со античките култови во Македонија, ги открива занаетчиските центри во доме-нот на керамиката, накитот и монетоковењето и ја проучува уметноста на раното христијанство во Македонија. Вршела истражувања на локалитетите: Плаошник – Охрид, Октиси, Студенчишта, Делогожда, Баргала, Стоби, Крани, Претор, Курбиново, Голем Град. Учесник е на повеќе научни собири во Македонија, Хрватска, Грција, Италија, Украина, Словенија, Австрија, Албанија, Бугарија и во Романија. Добитник е на Хердеровата награда на Универзитетот во Виена (1999) за посебен придонес во науката и за запознавање на Европа со културното наследство на Македонија. БИБ.: Старохристијански споменици во Охрид и Охридско, Охрид 1975; Споменици од хеленистичкиот период во СР Македонија, Скопје 1987; Религија и уметност во антиката во Македонија, Скопје, 2000. Д. З.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *