БИТОСКИ, Крсте

БИТОСКИ, Крсте (с. Габреш, Костурско, 15. IX 1926 – Скопје, ?, 200?) – историчар, научен советник на Институтот за национална историја во Скопје. Завршил Филозофски факултет – Група историја (1956) и докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со дисертацијата „Дејноста на Пелагониската митрополија (1878– 1912)” (1965). На-учната кариера до пензионирањето ја минал во Институтот (1967–1987), во Одделението за преродбенското и националноослободителното движење. Автор е Битолско-преспанскиот народноослободителен партизански одредДамјан Груев“ (1943) Крсте Битоски на повеќе монографии, статии и други прилози. Редактор на Историја на македонскиот народ, т. Ⅲ (ИНИ, Скопје, 2003). БИБ.: Дејноста на Пелагониската митрополија (1878–1912), Грчки религиознопросветни и вооружени акции, Скопје, 1968; Македонија и Кнежевството Бугарија 1893–1903, Скопје, 1977; Македонија во времето на Големата Источна криза (1875–1881), Скопје, 1982; Дипломатски одгласи на Илинденското востание, Скопје, 1983; Солунските атентати 1903, Скопје, 1985; Континуитетот на македонските националноослободителни борби во ⅩⅠⅩ век и почетокот на ⅩⅩ век, Скопје, 1998. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948–1998, Скопје, 1998, 179– 182. С. Мл. БИТРАКОВ, Димитар Кирилов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *