БИТОЛСКИ ВИЛАЕТ

БИТОЛСКИ ВИЛАЕТ . (тур. Манаст›р вилаѕети, 1873–1912) – административно-територијална единица во Османлиската Империја со седиште во Битола, формирана во 1873 г., со повремени територијални промени. Во почетокот го опфаќал речиси целиот Вардарски дел и западната територија од Егејскиот дел на Македонија, навлегувал длабоко на територијата на Албанија, а со помал дел и на грчка територија. Во 1875 г. во негов состав влегувале санџаците: Битолскиот санџак со казите: Битола, Корча, Прилеп, Охрид, Костур, Кожани, Населица (Анаселица), Лерин, Серфиџе, Кичево и Колоња; Призренскиот санџак со казите: Призрен, Тетово, Приштина, Ѓаково, Пеќ, Гњилане, Вучитрн и Гусиње; Скадарскиот санџак со казите: Скадар, Подгорица, Тирана, Каваја, Акче Хисар (Круја) и Леш; Скопскиот санџак со казите: Скопје, Куманово, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово, и Дебарскиот санџак со казите: Горен Дебар, Елбасан, Долен Дебар и Мат. Со формирањето на Скадарскиот вилает (1876) од Битолскиот вилает бил одвоен Скадарскиот санџак, а со формирањето на Косовскиот вилает (1877), од Битолскиот вилает биле одземени казите од Источна Македонија и од Косово, кои влегле во состав на новоформираниот Косовски вилает. Кон крајот на ⅩⅠⅩ в. вилаетот имал меѓу 800.000 и 900.000 жители, а во 1908 г. тој број пораснал на 1.000.576 жители. Се простирал на територија од околу 2 32.000 км . На север граничел со Косовскиот вилает, на исток и југоисток со Солунскиот вилает, на југ со Кралството Грција, на југоисток со Јанинскиот вилает и на запад и северозапад со Скадарскиот вилает. На чело на вилаетот стоел валија, со титула паша, кој бил назначуван со султанско ираде. Вилаетот престанал да постои со српското освојување на Битола (ноември 1912). ЛИТ.: Манаст›р вилаѕети салнамеси, икинци дефа, Манаст›р, сене 1308; Манастир вилаѕетине махсус салнамеси, беþинци дефа, Манаст›р, сене 1312; Ахмед Аличиќ, Уредба о организацији вилајета 1867 године, „Прилози за оријенталну филологију”, Ⅻ-Ⅻ/1962, бр. 3, Оријентални институт у Сарајеву, Сарајево, 1965; Дие Провинзен дес Османисцхен Реицхес вон Андреас Биркен, Њиесбаден, 1976; Мехмед Тевфик, Кратка историја Битољског вилајета. Превео Глиша Елезовиќ, „Братство” ЏЏВИИ, 43, Београд, 1933. Др. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *