БИТОЛСКА ГУСЛАРСКА ШКОЛА

БИТОЛСКА ГУСЛАРСКА ШКОЛА – еден од најзначајните гусларски центри на Балканот. Бил особено познат уште пред доаѓањето на Османлиите. Најчесто се собирале околу црквите и манастирите. Биле здружени во еснаф и имале свои еснафски празници (Св. Петар, Св. Никола, Св. пр. Илија). Имале и свој таен говор. Повремено го обиколкувале целиот Балкан, на исток до Црното Море, на север до Белград, а на запад до Јадранското Море. Нивен инструмент била едноструната гусла, а потоа била замената со двоструна или троструна. Во дваесеттите години на ⅩⅩ век во црквата „Св. Арх. Гаврил” учителот Ташку му ги пренесувал своите знаења на Коста Михајлов Најче, последниот гуслар од овој крај, со кого згаснал овој гусларски центар. ЛИТ.: П. Чилевъ, Тайният езикъ на слепците въ Битолско, „Сборник за нароодни умотворения, наука и книжнина”, кн. ЏВИЏВИИ, София, 1900, 148; Александар Стерјоски, Македонските слепи гуслари, Скопје, 1999. М. Кит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *