БИТОЛА

БИТОЛА – град во западниот дел на РМ, со 74.550 ж. (2002). Се наоѓа на преминот од источното подножје на пл. Пелистер и Пелагониската Котлина, од двете страни на р. Драгор. Зафаќа површина од 2.245 ха. Низ градот поминуваат магистралниот пат Охрид–Битола–Прилеп (М-5) и железничката пруга, која од Велес, преку Прилеп и Битола, води за Лерин и Солун во Грција. Битола има умерено-континентална клима со просечна годишна температура од 11,4°С, и годишно количество врнежи од 600 мм. С” до доселувањето на Словените во Пелагонија во непосредна близина, јужно од Битола, се наоѓал античкиот град Битола, топографска карта Хераклеја – Линкестис. Сегашниот град го основале Словените и му го дале словенското име Оби-тел – Битола, што значи живеалиште или место со повеќе манастири. Градот под сегашното име првпат се споменува во 1014 г., во времето на Самуиловото владеење, како седиште на епископија. Низ целиот среден век, особено во ⅩⅠⅠⅠ и ⅩⅣ в., Битола станала значаен трговски центар во Пелагонија. Кон крајот на ⅩⅣ в. (1382) градот го зазеле Турците. Во средината на ⅩⅤ в. станал важен стопански и културен центар на Европска Турција и седиште на Битолската нахија во која имало 150 населени места. Познатиот патописец Евлија Челебија ја посетил Битола во 1662 г. и забележал дека „градот има околу 3.000 мали и големи куќи на приземје и кат, групирани во 21 маало, чаршија со 900 дуќани и безистен”. Во почетокот на ⅩⅠⅩ в., по доселувањето на значителен број Власи од изгорениот град Москополе, во Битола силно се развило занаетчиството и трговијата. Во 1835 г. градот имал око-Битолскиот пазар во ⅩⅠⅩ век бројот на занаетчиските дуќани достигнал над 2.000 со околу 140 видови занаети, организирани во 70 еснафски организации. Виден придонес во развојот на градот дале и дипломатските претставништва и конзулатите на повеќе странски држави. Тоа довело Битола да стане „град на конзулите”, но и арена на странските пропаганди. За унапредувањето на трговијата и за подигањето на првите индустриски објекти од особено значење била изградбата на железничката линија Солун – Битола (1894). Во периодот меѓу двете светски војни Битола станува пограничен град и ги изгубила гравитациските подрачја кон Грција и Албанија. Сепак, во овој период градот првпат започнува плански да се гради и тоа според одделни урбанистички планови. Најбрз развој доживува во втората половина на ⅩⅩ в. Тогаш, од 31.761 ж. во 1948 г., бро-јот на населението во 1991 г. се зголемува на 84.002 ж. Во следните години населението започнува да се намалува, присутен е силен бран на иселување и тоа главно во прекуокеанските земји. Во 2002 г. во градот живеат 74.550 ж. Од нив, 66.038 ж. или 88,6% се Македонци, 2.360 ж. Албанци, 1.562 ж. Турци, 2.577 ж. Роми, 997 ж. Власи, 499 ж. Срби, 20 ж. Бошњаци и 497 ж. се изјасниле како „други”. Битола е седиште на општина, која зафаќа површина од 78.795 ха, има 66 населени места со 95.385 ж. Во градот постојат фабрики од текстилната, кожарската, прехранбената, машинската, електроиндустријата, графичката индустрија и др. По Скопје, Б. е најголемиот административно-политички, културно-образовен и здравствен центар во РМ. И денес 7 странски држави (Турција, Велика Британија, Франција, Грција, Словенија, Романија и Хрватска) имаат свои конзуларни претставништва. Од областа на образованието, има 22 забавишта, 10 осумгодишни училишта и 7 училишта за средно образование. Во 1979 г. е основан Универзитетот „Св. Климент Охридски” кој денес го сочинуваат 11 високообразовни наставно-научни институции од југозападниот дел на РМ. Во градот постои Дом на културата, Матична и универзитетска библиотека, театар и кино, Историски архив, Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости, музеј и галерија, сеизмолошка станица, зоолошка градина и повеќе здруженија со културно-уметничка и просветна функција. Мрежата на здравствени објекти е добро развиена. Во 1966 г. е формиран Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски” со 14 специјалистички одделенија, а постојат и повеќе приватни здравствени ординации и амбуланти. Битола е богата со споменици од минатото, како: античкиот град Хераклеја, црквата „Св. Димитрија”, Ајдар-Кадир џамија, Исак Челеби џамија, Јени џамија, Безистенот, Дебојот, Зандана-кулата, Градскиот саат, Битолската чаршија и др. ЛИТ.: Никола Димитров, Битола урбаногеографски развој, ДНУБ, Битола 1998; Битола – Монографија, Битола 1986. Ал. Ст. лу 40.000 ж. Во средината на ⅩⅠⅩ в. „широк сокак“, Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *