БИТКАТА КАЈ КИНОСКЕФАЛИ

БИТКАТА КАЈ КИНОСКЕФАЛИ (197 г. од ст.е) – последната битка во Втората македонскоримска војна (200–197 г.) меѓу македонската држава за време на кралот ФилипⅤи римските војски. И покрај првичните успеси, македонската фаланга е разбиена од здружените воени сили на Римјаните, Илирите, Дарданците и хеленските полиси; 8.000 војници загинуваат, а 5.000 се заробени. Филип В, при повлекување во Лариса, ја запалува кралската архива, пред градот да падне во рацете на Римјаните. Кај Темпа е склучено четиримесечно примирје и ФилипⅤсо војската се повлекува во Македонија. ЛИТ.: Полѕбиус, Тхе Хисториес, Харвард Университѕ Пресс, 1960; Историја на македонскиот народ 1, Скопје, 2000. А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *