БИТКАТА КАЈ ИСОС

БИТКАТА КАЈ ИСОС (333 г. од ст.е.) – битка меѓу македонската војска предводена од Александар Ⅲ Македонски и персиската предводена од перискиот цар Дариј Ⅲ Кодоман. Во теснецот кај р.Пинар генијалниот стратег Александар во од ја постројува војската во нов борбен ред за да оневозможи напад од грб. Македонската војска ја прегазува реката и во жестоката битка Александар напаѓа на борната кола на Дариј, при што бил ранет. По победата на македонската војска, Дариј бега од бојното поле, додека неговото семејство и царското богатство се запленети. Загубите на персиска војска се огромни, околу 100.000 војници, додека од македонска страна 300 пешаци и 150 коњаници. Со оваа битка Александар ги освојува предноазиските земји на Персиското Царство. ЛИТ.: Аријан, Александровата Анабаса. Прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000; К. К. Руф, Историја на Александар Македонски. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 1998; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *