БИМБИЛОВСКИ, Ристо

БИМБИЛОВСКИ, Ристо (Охрид, 1933) – маратонец во пливање во најтешкиот пеперутка стил. Дипломирал на Театарската академија во Љубљана (1963) и на Филозофскиот факултет во Загреб (1968). Во пеперутка стил препливал 20-тина различни дестинации на Охридското и на Преспанското Езеро во должина од по околу 20 км. Учествувал и на маратони во Египет, Италија, Либан и Канада. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *