БИЛБИЛОВСКИ, Кирил

БИЛБИЛОВСКИ, Кирил (Киро) (Скопје, 3. Ⅴ 1920 – Охрид, 24. IX 1989) – фотограф, филмски снимател, сценарист и режисер. Работел како професионален фотограф, потоа како филмски снимател, сценарист и режисер во „Вардар филм” (1947). Режисер, снимател или сценарист е на документарните филмови „Сточарството денес” (1948), „Македонски тутун” (1954), „На гости во родниот крај” (1957), „Сфинга” (1961), „БИЛТЕН” Б „Лето Господово 77” (1978), „Свилен конец” (1970) и др. Директор на фотографијата на филмовите „Фросина”, „Денови на искушение” (1965), „Каде по дождот”, „Најдолгиот пат” и др. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *